vladata na srbija

13.09.2023 Скопје

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека владата ќе ги исполни барањата на опозицијата во однос на датумот на изборите, но не мора и за тоа кои избори ќе бидат распишани.

„Официјално во својот допис побараа изборите да се распишат до крајот на декември, што значи дека треба да се одржат до 2 март, сега дали се неписмени и сакаа изборите да се одржат до крајот на декември или само да се објави – пишаа да бидат објавени. Ќе им излеземе во пресрет што сакаат. Но не баш како фонтаната на желбите што ќе ја изберат, туку што се однесува до датумот“, рече Вучиќ на почетокот на изградбата на фабриката на Австриската компанија „Палфингер“ во Ниш.

Тој повтори дека наскоро ќе одговори на барањето на опозицијата за распишување предвремени избори и дека се надева дека ќе бидат задоволни од одговорот.

„Ќе добијат одговор и ќе бидат задоволни, само се плашам дека повторно нема да бидат задоволни од својот народ“, изјави Вучиќ.

Неколку опозициски партии, вклучително и Демократската партија, Партијата за слобода и правда и Зелено-левиот фронт, побараа распишување вонредни парламентарни и белградски избори.

На новинарско прашање дали ќе зборува и за неодамнешните напади врз Србите на Косово и Метохија во четврток во Брисел, Вучиќ кусо одговори дека за ова веќе разговарал со Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ.

„Сè што можам да кажам е дека веќе разговарав со Мирослав Лајчак и му посочив на тој проблем. Така ќе продолжам и во четврток тоа ќе биде една од главните теми“, рече Вучиќ.

Европската унија соопшти дека во четврток во Брисел со посредство на ЕУ ќе се одржи дијалог на високо ниво меѓу Белград и Приштина.

„Жозеф Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, ќе биде домаќин на средба на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел, на која ќе присуствуваат Александар Вучиќ и Албин Курти“, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

Борел и Лајчак ќе остварат одвоени средби со Вучиќ и Албин Курти, премиерот на привремените приштински институции, по што, како што е најавено, ќе следи заедничка трилатерална средба.

Во фокусот на средбата ќе биде имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација, како и актуелните прашања, се наведува во соопштението на веб-страницата на ЕЕАС.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author