rabota vo germanija

06.09.2023 Скопје

Истражувањето на јавното мислење на Институтот ИНСА покажа дека мнозинството германски граѓани веруваат дека работата не вреди, имајќи ги предвид социјалните бенефиции кои постојано се зголемуваат.

Податоците покажуваат дека 52 отсто од испитаниците не сметаат дека работата се исплати, 40 отсто од нив го мислат спротивното, а осум отсто одбиле да одговорат на прашањето.

Со социјална помош и малку непријавена работа може да се заработи повеќе од некој што е постојано вработен и плаќа даноци и социјални придонеси, вклучително и социјална помош за други.

Врз основа на најновата одлука на германската влада, социјалната помош ќе се зголеми за 61 евро од 1 јануари следната година и ќе изнесува 563 евра месечно за самец, плус трошоците за домување и здравствено осигурување, кои ги покрива државата за социјални корисници на помош.

Вработен кој работи за минимална плата, која моментално е 13,9 евра на час, заработува околу 2.000 евра бруто.

По одбивањето на данокот, пензиското и здравственото осигурување и откако ќе плати кирија и комуналии, му остануваат околу 600 евра, што е само малку повеќе од надоместокот за невработеност.

Според истражувањето, меѓу оние кои мислат дека не вреди да се оди на работа, мнозинството се поддржувачи на десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD).

Гласачите на партиите од владејачката коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП) сметаат дека работата вреди.

Министерот за финансии Кристијан Линднер минатата недела рече дека бенефициите за невработеност не треба да делуваат како дестимулација за оние кои сакаат да работат.

Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, истакна дека оние што ќе одат на работа на крајот на месецот мора да заработуваат повеќе од оние што примаат социјална помош.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author