indonezija zabrana online prodazba

13.09.2023 Скопје

Владата на Индонезија се подготвува да воведе серија нови деловни регулативи со кои ќе се забрани продажбата на производи преку социјалните мрежи.

Ова го соопшти индонезискиот заменик министер за трговија Џери Самбуага за време на парламентарното сослушување.

Социјалните медиуми и социјалната трговија не можат да се комбинираат, истакна функционерот, повторувајќи ја намерата на владата да ги запре „предаторските“ практики на продавачите на социјалните мрежи, што би ги загрозило офлајн пазарите во најголемата економија во Југоисточна Азија.

Заменик министерот ја наведе како пример употребата на функцијата „во живо“ за продажба на стоки преку платформата за социјални медиуми TikTok.

Претставникот на TikTok Indonesia, Ангини Сетиаван, утринава одговори , дека одвојувањето на социјалните медиуми и е-трговијата во посебни платформи ќе ја попречи конкуренцијата.

TikTok има 2 милиони продавачи во Индонезија, а претходно објави дека нема планови за наменска платформа за прекугранична трговија со кинески производи во Индонезија.

Подготвено од М.Н.

About Author