23.09.2023 Скопје
Индиската вселенска агенција Исро соопшти дека се обидува да стапи во контакт со својот лендер и ровер на Месечината како дел од мисијата Chandrayaan-3, но досега немаат добиено никакви сигнали.
Лендерот Викрам, кој го носеше и роверот Прагјан, слета во близина на слабо истражениот јужен пол на Месечината во август.
Индиското вселенско летало помина две недели собирајќи податоци и слики, по што беа ставени во „режим на спиење“ кога ноќта паѓаше во текот на лунарниот ден.
Индиската вселенска агенција се надеваше дека батериите ќе се наполнат и модулите повторно ќе се активираат кога сонцето изгреа околу 22 септември, но можно е екстремниот студ на лунарната ноќ да ги оштетил батериите.
ИСРО соопшти дека „ќе продолжат напорите за воспоставување комуникација со лендерот и роверот“.
Индија влезе во историјата со својата мисија Chandrayaan-3 кога стана првата земја која успешно слета вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината.
Исто така, се приклучи на елитниот клуб на земји кои слетаа на Месечината, по САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина.
Слетувањето беше внимателно темпирано да се совпадне со почетокот на лунарниот ден, така што Викрам и Прагјан ќе имаат две недели сончева светлина за работа.
Еден ден на Месечината е нешто повеќе од четири недели на Земјата, при што секој ден и ноќ трае околу 14 дена.
Подготвено од А.Ѓ.