21.09.2023 Скопје
Нова генетска студија на британски медицински сестри покажува дека депресијата може да биде директна причина за развој на дијабетес тип 2.
Во светот од дијабетес боледуваат 422 милиони луѓе, а меѓу нив 95 отсто имаат дијабетес тип 2.
Научниците веќе знаеја дека пациентите со дијабетес тип 2 имаат двојно поголема веројатност да развијат депресија во споредба со оние кои не страдаат од оваа болест.
Досега не беше целосно разбрано дали депресијата предизвикува дијабетес или обратно.
Во оваа студија, научниците користеа статистички метод за да ги анализираат генетските и здравствените податоци.
За прв пат откриле дека депресијата го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2, но не и обратно.
Тие исто така откриле дека постојат седум генетски варијанти кои придонесуваат за развој и на дијабетес тип 2 и на депресија.
Ова се вообичаени гени кои играат важна улога во производството на инсулин или воспаление на мозокот, панкреасот и масното ткиво, а промените во овие биолошки процеси потенцијално објаснуваат како депресијата влијае на дијабетесот.
Иако не е пронајдена директна причина што укажува на тоа дека дијабетесот предизвикува депресија, експертите сепак веруваат дека оптоварувањето на животот со дијабетес тип 2 може да биде одлучувачки фактор за развој на депресија.
Истражувањето покажува дека од 19.344 луѓе со дијабетес тип 2, 5.000 имале потврдена дијагноза на депресија.
Студијата откри дека вишокот телесна тежина исто така игра улога во развојот на дијабетес, а кај 36,5 отсто од анкетираните таа е директно поврзана.
Подготвено од А.Ѓ.