gabon press

01.09.2023 Скопје

Воената хунта во Габон го избра својот преоден лидер, ден откако ја презеде власта и го стави претседателот Али Бонго во домашен притвор, укинувајќи ги сите државни институции и затворајќи ги сите граници.

Ова е генерал Брис Олиги Нгема, началник на претседателската гарда. Припадниците на армијата го носеа на раменици низ главниот град Либревил.

За тоа време, сменетиот претседател Бонго ги повика „пријателите од целиот свет да прават врева и да го кренат својот глас против пучот“.

Габон, поранешна француска колонија, е богат со масло и какао. Со соборувањето на претседателот Али Бонг се става крај на владеењето на династијата на неговото семејство, која е на чело на земјата со децении.

Воената хунта соопшти дека ги поништила резултатите од саботните избори, на кои Бонго ја објави својата победа и доби трет претседателски мандат.

Синовите на претседателот беа уапсени за предавство. ОН, Африканската унија и Франција го осудија пучот, а граѓаните на Габон ја поздравија промената на власта.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author