HUAWEI ПРЕТСТАВУВА ПЕТГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ПЛАН ВО БРАЗИЛ

05.09.2023 Скопје

Кинескиот комуникациски гигант Huawei денеска во Бразил ќе го претстави својот петгодишен инвестициски план.

Настанот се организира по повод 25-годишнината од присуството на компанијата во јужноамериканската земја.

Почетниот говор ќе го одржи главниот извршен директор на Huawei во Бразил, Дерик Сун Баоченг, а за време на настанот е организирана и конференција насловена „Дигитална нација, одржлив развој“, на која ќе присуствува и потпретседателот за односи со јавноста на Huawei за Латинска Америка и Карибите, Атилио Рули.

Во 2023 година, Huawei се фокусираше на дигиталната трансформација и концептот на „дигитална нација“ кој, според компанијата, вклучува 3 главни аспекти: градење „дигитална влада“, создавање „дигитален град“ и „дигитализирачка индустрија“. Целта е поврзувањето и пристапот до технологии да се направат универзално право.

Основана во 1987 година, Huawei е глобален снабдувач на решенија за информатичка и комуникациска технологија (ICT) и паметни уреди.

Компанијата пристигна во Бразил во 1998 година, и покрај работењето во автомобилската интелигенција огромен удел има и во секторите на уреди за крајни потрошувачи, како што се паметни часовници и паметни телефони.

Подготвено од М.Н.

About Author