28.09.2023 Скопје
Хрватскиот книжевен критичар, публицист и новинар д-р Никола Гамилец гостува утре во Тетово, на несекојдневни разговори за современата хрватска книжевност, а во организација на Македонско – хрватското друштво (МХД).
Под насловот „Разговори“ Македонско – хрватското друштво, утре (29.09.2023) во хотелот „Лирак“ со почеток во 19 часот организира гостување на публицистот и новинар Никола Гамилец, чија задаче ќе биде во едночасовен настан да ја приближи оваа не толку актуелна и популарна тема, преку ретроспективен „пресек“, испратен со бројни прашања и дилеми, но и со одговори и нови перспективи.
Гамилец има студирано додипломски, постдипломски и докторски студии на Универзитетот во Загреб. Професионално се има усовршувано на BBC и IWPR Институтот во Лондон. Бил директор и главен уредник на печатени медиуми, радија и телевизии. Бил професор на Универзитетот во Загреб, на Американскиот универзитет во Дубровник и на Карловиот универзитет во Прага. Има објавено повеќе од 500 стурчни трудови, анализи на хрватски, чести и англиски јазик. Последните години уредува, рецензира и пишува предговори и книжевни критики на новите изданија на совремата хрватска книжевност како и на книги од подрачјето на Југославија.
Македонско – хрватското друштво, со седиште во Тетово, оваа година го отвори својот нов простор во кој е сместена и библиотека со македонски и хрватски наслови, а периодов организира и настани поврзани со хрватската литература.
Подготвено од А.Ѓ.