29.09.2023 Скопје
Шведската мултинационална малопродажна компанија H&M, позната по производство на облека, наскоро би можела да ги намали цените на своите производи поради пониските трошоци за набавка, како и поради намалувањето на другите трошоци.
„Гледаме дека нивото на трошоците за набавка се развива во вистинската насока, што ни дава простор да управуваме со цените и да обезбедиме најдобра понуда“, изјави финансискиот директор на H&M, Адам Карлсон.
Тој додаде дека шведската компанија „гледа можност за дополнително намалување на цените“ на своите производи.
Како што е наведено на веб-страницата на H&M, компанијата предвидува дека нејзините продажни резултати за септември ќе бидат за 10 отсто пониски во однос на истиот месец минатата година, пред се поради „невообичаено топлото време“ на некои европски пазари.
Подготвено од А.Ѓ.