https://www.flickr.com/photos/faces-of-the-world/51321104713/in/photolist-2mc55qZ-2dxxZzx-2dxxZyR-MZiyUJ-2mtce6V-MZ2wJo-N7qGP9-N7qGKm-2ci9CEC-2n4LPtr-bSRkAM-MZiy1E-N7qGRJ-2g3DPKm-2g3DNLh-2g3DSW6-FKbEiR-2nkaSyy-2hGkxbd-2kWHVLa-2kWGhrX-2kWGhy5-2nkhqaV-oiLPYT-2n1PFN2-YPumqf-XQWG32-XMpxDj-XQWGFM-XQWGnk-XQWFNp-YPumTj-7JZ8Wo-2nkhqgB-2fpm5F1-2nkhq8a-2dCzapp-2nkaSxr-2nkgeHm-2nkiFL8-2nkiFDE-2nkaSzL-2nkhq9T-2nkaSAN-2nkhqcU-2nkaSFh-2nkiFJE-2nkgeLh-2nkgeJ8-2nkghKk

20.09.2023 Скопје

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно Карабах и повика на итен прекин на непријателствата.

„Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар силно повикува на итен прекин на непријателствата, ескалација и построго почитување на примирјето од 2020 година“, соопштија од неговата канцеларија.

Гутереш, како што е наведено, „останува загрижен за хуманитарната ситуација на теренот“ и го повторува својот повик за итни чекори за олеснување на хуманитарниот пристап до луѓето на кои им е потребна.

„Тој ги повикува страните да ги пренасочат напорите за да помогнат во градењето доверба и да се обезбеди долгорочен мир во регионот“, се вели во соопштението.

Азербејџан испрати војници поддржани од артилерија да го нападнат отцепениот регион Нагорно-Карабах, контролиран од Ерменија, во вторникот, оставајќи десетици цивилни жртви и зголемувајќи ја заканата од нова војна со соседна Ерменија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author