https://www.facebook.com/photo/?fbid=526481419510080&set=pcb.526481472843408

11.09.2023 Скопје

Коментирајќи ги измените во Кривичниот законик, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска порача дека правосудниот систем, обвинителите и судиите треба независно и непристрасно да си ја вршат својата работа и дека некогаш, за жал, има впечаток дека обвинителите и судиите се ставаат во поголема улога од политичарите, „прават политичка проценка пред да донесат одредена одлука за тајминот на одлуката, за висината на казната“.

Грковска е задоволна од членот на Кривичниот законик што се однесува на проширената конфискација на имот, што е на иницијатива на нејзиниот Кабинет, а за останатите членови изрази резерва уште на седницата на Владата.

Со членот за конфисакцијата на имотот се дава поголема можност на судиите да пресудуваат и тоа да биде една од сериозните мерки кога станува збор за борба против корупцијата и организираниот криминал.

„Според искуството што го земавме од другите држави, најголемиот притисок и најголемата реакција ќе ја почувствуваат тие што го прекршиле законот доколку лично почувствуават дека се засегнати. Кога ќе почувствуваат дека им се одзема имотот тогаш реално ќе почувствуваат дека навистина губат нешто, особено кога има можност тој имот да се врати назад кај граѓаните“, рече Грковска.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author