21.09.2023 Скопје
Грчките власти соопштија дека речиси 100 мигранти се безбедно евакуирани од јахта што наиде на проблеми кај југозападниот брег на Грција.
Крајбрежната стража објави дека јахтата со 93 луѓе се наоѓала на 74 километри западно од малиот град Пилос. Нема извештаи за исчезнати патници.
Шест лица на бродот биле примени со друга јахта во областа и однесени во Пилос, каде една жена е префрлена во болница.
Други 87 лица биле преземени од две цистерни кои поминувале и овие лица биле пренесени во Каламата во придружба на патролни чамци на крајбрежната стража, се вели во соопштението.
Подготвено од А.Ѓ.