petrovska i gram

25.09.2023 Скопје

На заедничката прес-конференција во Скопје со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, норвешкиот министер за одбрана, Бјорн Арилд Грам, најави над 70 воени возила како донација.

Норвешкиот министер за одбрана Грам на прес-конференцијата говореше за досегашната соработка во сферата на одбрана меѓу Република Северна Македонија и Норвешка, но и за она што може понатаму да се направи.

Грам истакна овие две земји одбележуваат 30 годишнина од силни и позитивни дипломатски односи, а врските меѓу двете земји, дополнително се зајакнати со приемот на Република Северна Македонија во НАТО.

„Да и соопштам на мојата колешка, министерката Петровска дека Норвешка им донира на вооружените на Северна Македонија повеќе од 70 воени возила. Норвешка исто така поддржа неколку програми во одбранбениот сектор во Северна Македонија за унапредување на родовите прашања, за проект за борба против корупцијата, интегритетот во одбраната. Очекуваме да ја продолжиме оваа соработка и во соработката со инженерскиот баталјон, како и во однос на зимската обука, алпинистичка обука. Исто така сме дел од балканските медицински воени сили. И разговаравме уште повеќе да ги интегрираме, да ја зајакнеме соработка помеѓу нашите сили во регионот“, нагласи норвешкиот министер на прес-конференцијата во Министерството за одбрана.

Грам истакна дека двете држави се сојузници, кои тесно соработуваат и доколку има потреба и ќе се бранат една со друга.

„Многу е практично што во НАТО седиме едни до други, што на некој начин симболизира како стоиме рамо до рамо и во НАТО и во нашата билатерална одбранбена соработка“, рече Грам, кој истакна дека денеска со Петровска меѓудругото разговарале и за главните предизвици на безбедносната политика со кои се соочува Европа во моментов.

Прашањето за активностите на НАТО биле високо на агендата на средбата во Скопје, а како што посочи Грам, тој и Петровска се согласиле дека рускиот напад врз Украина мора да биде дочекан со осуда.

Македонската министерка за одбрана Петровска оцени дека изминатиот период двете држави имале конструктивна и плодна соработка, со реални и опипливи резултати. Таа со благодарност за поддршката, која Норвешка ја планира за оваа година, вклучувајќи ги и борбените и неборбените возила, кои се очекуваат следниот период, но исто така и со учеството за проекти за развој на Криволак и специфичната опрема со која ќе продолжи развивањето на Армијата.

„Областите со кои соработуваме со заеднички обуки и експертски разговори се за градење на нашите капацитети особено во контекст на целите на способности на НАТО, како и воена медицинската поддршка. Норвешка е земја партнер во рамките на балканските медицински сили, чие постојано седиште е во Република Северна Македонија и навистина ја цениме вашата поддршка на оваа иницијатива. Не така одамна за време на ковид кризата навистина многу ни помогнавте и ако вистинските пријатели се гледаат во најголемите кризи, со право Норвешка може да ја наречеме посветен и докажан пријател на Република Северна Македонија. Со ваша поддршка го означувам проектот со кој заедно го градиме интегритетот на министерствата, како еден од круцијалните програми, а истовремено го изградивме и Регионалниот центар за односи со јавност, кој во моментов е во фаза на инклузивен развој да прерасне во НАТО школа за односи со јавност. Тоа е центар од кој придобивка ќе имаат и Република Северна Македонија и Норвешка и останатите НАТО сојузници“, истакна министерката Петровска.

Министерката Петровска додаде и дека двете земји, како членки на Алијансата се недвосмислено посветени на безбедноста на НАТО и на граѓаните во земјите-членки.

Таа потсети дека Северна Македонија постојано инвестира во одбраната и оти е планирано следната година да го достигне сега минилниот праг од два проценти од БДП за одбранбениот буџетот, од кој над 30 отсто ќе бидат наменети за модернизација на силите.

Петровска го спомена и заедничкото учество во мировните мисии, нагласувајќи дека политичките односи меѓу двете земји се добри, но за неа поважно е развивањето на познанства и пријателства меѓу војниците на двете земји.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author