14.09.2023 Скопје
Во објавениот извештај на Централната банка на Аргентина се наведува дека се очекува годишната стапка на инфлација во Аргентина до крајот на годината да достигне 169,3 отсто.
Ова е нагло зголемување на инфлацијата во споредба со проценката што ја објави банката минатиот месец, по острата девалвација на локалната валута песо.
Оценката на Централната банка покажа и дека месечната стапка на инфлација за септември се очекува да биде 12 отсто, а потоа да забави до 9,1 отсто во октомври.
Месечната инфлација во август достигна 12,4 отсто, што е највисоко ниво на инфлација во Аргентина од 1991 година.
Подготвено од А.Ѓ.