ГЕРМАНСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМАТ СВОЈАТА ПОСВЕТЕНОСТ ВО СВЕТОТ

15.09.2023 Скопје

Германските вооружени сили (Бундесвер) ќе ја зголемат својата посветеност ширум светот, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Претставникот на сојузната влада го изјави ова, за време на говорот со кој го отвори првото издание на Вестфалската мировна конференција, што се одржува денеска во Муенстер.

Писториус изјави дека Европејците не треба да „стојат во место“ кога е во прашање иднината на меѓународниот поредок.

„Нема и не смееме да стоиме и да гледаме додека хегемонистичките сили во светот ја наметнуваат својата волја на суверените држави и народи“, истакна министерот Писториус.

Писториус се осврна на војната на Русија против Украина и на геополитичките амбиции што Кина ги следи во индо-пацифичкиот регион, „остро, а понекогаш и безмилосно“.

Според министерот за одбрана, во овој контекст Германија мора да погледне подалеку од Европа, односно да продолжи и ако е можно, да ја зајакне својата посветеност на други места во светот.

За Писториус, посетата што севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун ја направи на Русија, покажува колку е важна оваа вклученост.

Германскиот министер за одбрана конечно изјави дека, следната година, германското воздухопловство (Луфтвафе) ќе учествува на воздушните вежби „Pitch Black“ во Австралија.

Подготвено од М.Н.

About Author