germanija pomorska odrana

12.09.2023 Скопје

Федералната влада „размислува“ за можноста за стекнување на малцински удел во Thyssenkrupp Marine Systems (Tkms), одделот за поморска одбрана на германскиот индустриски конгломерат Thyssenkrupp, изјави германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, на маргините на денешната посета со неговиот норвешки колега Бјерн Арилд Грам.

Како што пренесуваат локалните германски медиуми, федералната влада го планира влезот во Тkms, но конечна одлука се уште не е донесена.

Процесот на евалуација се очекува да продолжи барем до крајот на годината.

Решенијата за овој удел се различни, од купување на мнозински удел од инвестициски фондови до иницијална јавна понуда, дури и делумна, за учество на германската држава.

Според аналитичарите, засега само американскиот инвестициски фонд Карлајл се смета за најверојатен купувач на поголемиот дел од Tkms.

Подготвено од М.Н.

About Author