srbija veternici izgradba

18.09.2023 Скопје

Германската компанија Нотус Енерџи од Потсдам планира да изгради ветерен парк во зоната на исклучување околу нуклеарната централа Чернобил во Украина.

„Компанијата потпиша писмо за намери со украинскиот оператор на електричната мрежа Укренерго за време на посетата на германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок“, се наведува во соопштението.

„Нотус Енерџи“ соопшти дека потенцијалната анализа покажува дека во областа се можни дополнителни 1.000 мегавати енергија од ветер.

Тие додаваат дека со изградбата на ветерниот парк најдобро ќе се искористи постојната инфраструктура.

„Паркот на ветерници со оваа големина би имал значаен придонес во проширувањето на обновливите извори на енергија во Украина и ќе ја зајакне независноста и децентрализацијата на снабдувањето со енергија на Украина“, рече извршниот директор на Нотус Енерџи Украина ДОО, Ханес Хелм.

Тој додаде дека Нотус Енерџи е активна во Украина од 2019 година и во моментов таму развива неколку проекти, од кои првиот наскоро ќе биде готов за изградба.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author