13.09.2023 Скопје
Германска енергетска компанија НОТУС објави дека потпишала писмо за намери со украинската државна компанија Укренерго, за изградба на фарма на ветер во заштитената зона околу нуклеарната централа Чернобил.
Компанијата НОТУС проценува дека во заштитената зона околу нуклеарната централа Чернобил, може да се произведат 1.000 мегавати ветерна енергија и 800.000 домаќинства во главниот град Киев би можеле да се снабдат со електрична енергија.
Според НОТУС, една од предностите на изградбата на фарма на ветер во заштитена зона е тоа што здруженијата за заштита на животната средина и невладините организации нема да се жалат на проектот.
Областа е празна од 1986 година, а од почетокот на инвазијата во Украина, Русија редовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на земјата.
Подготвено од М.Н.