https://www.flickr.com/photos/117780802@N02/37263441681/in/photolist-YLQSYr-6kg3f8-8xKQAy-trvSkM-27os68G-La4LDt-cegkYG-6CsWsa-7bcBo2-66PiV7-fviV5g-p4Hsty-eMtWB2-5nWgtU-4VJFoe-P7bB3s-zrmvDj-231Nivp-6GQfaU-gihJX-9hagNt-JxTjgw-zseBS-qfvwfu-onb1Ku-CDvGBZ-BJQ59t-7GGcHM-7h491u-J7VkU-jsT2K-cYxPYf-5NQYnV-BFZQSq-KSLfs7-8mioDy-9KDvQp-YUDPF2-pFtAh-9bmL2-GN4f5E-5RMUWE-26oVCzB-97NrhS-afqvwE-6nYWxc-4LThDs-daaA7M-32MKRf-7A3tgC

25.09.2023 Скопје

Германското Министерство за надворешни работи го осуди нападот врз косовската полиција, додавајќи дека на Косово и Метохија ќе пристигне специјалниот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

„Нелегалните вооружени групи мора да престанат да ги загрозуваат животите“, се вели во објавата на германското министерство на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Се додава дека сторителите мора да одговараат.

„Нашите мисли се со семејството на убиениот полицаец и тешко повредените“, соопшти германското МНР.

Косовската полиција соопшти дека рано утринава во 2 часот и 34 минути на влезот во селото Бањска кај Лепосавиќ се случил инцидент и дека еден полицаец загинал, а друг е ранет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author