23.09.2023 Скопје
Вчеравечер, градоначалникот на Општина Центар присуствуваше на официјалното отворање на „Маалски фестивал“ во КСП Јадро.
Градоначалникот Герасимовски заедно со директорот на културниот центар Јадро, Ѓорѓе Јовановиќ, го претставија и новиот мурал во општината, кој ги отсликува личните доживувања на Скопје и Центар на илустраторите Белкис Аксу и Мурат Калвакан.
„На мое задоволство на ова официјално отворање на второто издание на „Маалски фестивал“ имаме чест да го промовираме новиот мурал на фасадата на овој Културен центар. Муралот е насловен „И ние сме од Скопје“ и истиот зборува за искуствата во Скопје на илустраторите Белкис Аксу и Мурат Калвакан. И Скопје и Центар се баш тоа, носат сопствени приказни и доживувања кои треба да си ги раскажеме. Мене ми е мило што преку овој „Маалски фестивал“ почнуваме да градиме традиција на културни вредности од повеќе аспекти“, рече Герасимовски.
Подготвено од А.Ѓ.