29.09.2023 Скопје
Рускиот гасен гигант „Гаспром“ испорача 166 милијарди кубни метри гас на домашниот и на странскиот пазар во првата половина на 2023 година, соопшти компанијата.
Тоа претставува намалување во однос на испорачани 225,7 милијарди кубни метри гас во истиот период лани.
„Производството на гас на „Гаспром“ во првата половина од годината исто така се намали за 24,7 отсто и достигна 179,45 милијарди кубни метри. Производството на нафта и кондензат во истиот период се зголеми за 8,8 отсто и достигна 36,31 милиони тони“, се наведува во соопштението.
Подготвено од А.Ѓ.