zhivina

11.09.2023 Скопје

Претседателот на Здружението на снабдувачи со пилешко месо изјави дека француските живинари претрпуваат загуби поради „нелојалната конкуренција“ со украинските производители.

Тој се пожали дека приливот на евтина украинска живина ги погодува локалните производители, што според него е „типичен семеен бизнис“ во Франција и многу други земји од ЕУ.

„Во меѓувреме, украинските извозници припаѓаат на друга „категорија“. Добивката од продажбата на пилешко не оди кај „украинскиот народ“, туку кај најголемиот производител на живина во земјата, МХП“, нагласи Французинот и ја повика
Европската комисија да ги заштити домашните производители.

Исто така, тој додаде дека пред овој несреќен конфликт (во Украина) имаат увезувано околу 10.000 тони живина месечно, а сега увезуваат 20.0000 или повеќе тони и тоа е навистина шок.

Доаѓањето на огромниот украински снабдувач веднаш го дестабилизираше единствениот пазар на ЕУ. Производителите од таа земја, како што се наведува, имаат корист од ниските трошоци, поради отсуството на трговски бариери и недостатокот на стандарди за производство на ЕУ во Украина.

Килограм пилешко месо од француски производители чини околу 4,80 евра, додека килограм украинска живина чини 2,40 евра, што, според овој Французин, претставува „нелојална конкуренција“.

„Фармерите ширум блокот исто така страдаат поради невиденото зголемување на украинското производство, без разлика дали се Германци, Холанѓани или Полјаци – сите тие се во иста ситуација, бидејќи овој проток на украински кокошки го дестабилизира целиот пазар“, заклучи тој.

Минатата година ЕУ ги укина царините и квотите за извоз на украински земјоделски производи, со цел финансиски да му помогне на Киев. Сепак, земјите од ЕУ се соочија со протести во земјите-членки бидејќи земјоделците се натпреваруваа со поевтиниот увоз. Полска прва го забрани увозот на украински производи, а потоа следуваат Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка.

Во мај, Европската комисија воведе „привремени превентивни мерки“ за увозот од Украина за да го ублажи влијанието на падот на цените во соседните земји на ЕУ.

Забраната на ЕУ за увоз на пченица, пченка, семе од репка и сончоглед од Украина во Полска, Унгарија, Романија, Словачка и Бугарија истекува на 15 септември.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author