21.09.2023 Скопје
Шефот на малопродажната асоцијација Тиери Котијар на состанокот со француските парламентарци изјави дека група супермаркети во Франција бара од производителите на храна да ги намалат цените за два до пет отсто во преговорите што треба да започнат наскоро.
Француските трговци на мало ги критикуваа гигантите за стока за широка потрошувачка, како што се Унилевер и Нестле за, како што сметаат, неоправданите зголемувања на цените. Владата изврши притисок и врз производителите на стоки за широка потрошувачка да ги намалат цените.
Коријар истакна дека пониските трошоци за суровина и енергија значат дека храната и другите производи за широка потрошувачка се поевтини за производство, а цените договорени во преговорите треба да го одразуваат тоа.
Тој додаде дека здружението на супермаркети „Ле Мускетер“ најверојатно треба да побара намалување на цените од два до пет проценти.
Котијар рече дека оваа групација во Португалија со преговори успеала да постигне намалување на цените на мало.
Експертите од индустријата велат дека фирмите за производи за широка потрошувачка веројатно ќе бидат под зголемен притисок ширум Европа да ги намалат цените.
Владите, исто така, ја зајакнуваат контролата врз трговците на мало – во Грција супермаркетите ќе мора да им ги дадат на властите ценовниците што ги добиваат од нивните добавувачи за основните производи.
Подготвено од А.Ѓ.