15.09.2023 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на замокот Буси-Рабутин, изјави дека, во однос на тековната миграциска криза во Лампедуза, Франција има должност на европска солидарност.
Оваа ситуација покажува дека имиграцијата е феномен кој ги погодува сите Европејци, истакна Макрон, подвлекувајќи дека е неопходно да се има „хуманитарен пристап“.
„Нашата одговорност е пред се да се грижиме за луѓето што пристигнаа“, додаде Макрон.
„Се работи меѓу двете влади и ќе се носат дополнителни одлуки“, изјави претседателот Макрон, според кого, Европа во иднина ќе мора подобро да ги заштити своите граници.
Подготвено од М.Н.