04.09.2023 Скопје
Франција планира да воведе забрана на електронските цигари за еднократна употреба.
Овој предлог за воведување на забраната ја соопштила премиерката на Франција, Елизабет Борн.
„Планираме да воведеме нов план против пушењето кој ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, познати како пуфови, бидејќи тие предизвикуваат лоши навики кај младите“, изјави Борн.
Министерот за здравство на Франција, Франсоа Браун, исто така, веќе неколку пати се изјасни за забрана на овој вид електронски цигари, поради тоа што ги поттикнуваат младите да пушат.
Борн истакна и дека владата нема да ги зголеми акцизите за тутунот во 2024 година.
Подготвено од М.Н.