05.09.2023 Скопје
Во Франција, новата кампања за вакцинација против коронавирусот, која треба да започне на 17 октомври, би можела да биде промовирана и порано, доколку епидемијата се забрза.
Ова го изјави францускиот министер за здравство Орелиен Русо на прес-конференција со медиумите.
Францускиот министер за здрвство истакна дека, фактот за присуството на нови варијанти на Ковид, ќе ја забрза кампањата за вакцинација, доколку е потребно, нагласувајќи дека во моментов се се одвива според планот.
Францускиот министер додаде дека, засега не е предвидено заострување на протоколот за безбедносни мерки, но дека неопходна е одговорноста на целата нација.
Подготвено од М.Н.