folksvagen kola

19.09.2023 Скопчје

Акциите на германскиот автомобилски концерн Фолксваген континуирано паѓаат од средината на 2021 година.

Тогаш една акција на најголемиот светски производител на автомобили изнесуваше 240, а сега е само 113 евра. Само во последната година тие паднаа за повеќе од 20 отсто.

Според аналитичарите, „инвеститорите сè помалку веруваат дека VW, како што е, ќе ја врати конкурентноста во наредните години“.

Нејзиниот удел на клучниот пазар во Кина паѓа, но се соочува и со тежок проблем на прекумерни трошоци во Северна Америка. И поради бавноста во развојот на електричните автомобили, европските производители на овие возила се на крајот.

Главната причина за падот на акциите на VW, според неговиот главен менаџер Михал Семотан, е заканата од значителен пад на учеството на кинескиот пазар. Сега таму продава 40 отсто од своето производство. И неговата конкуренција е токму таму – станува посилна.

На пример, најголемиот кинески производител на автомобили BYD успеа да влезе во првите 10 светски производители на автомобили во првата половина од оваа година. Со продажба од милион и 250.000 автомобили во Кина, го надмина Mercedes Benz.

Накратко, VW на овој клучен пазар на електрични автомобили тешко може да се натпреварува со пониските цени на тамошните производители. Затоа тој ќе соработува со кинески компании, пред се оние кои произведуваат поевтини автомобили кои се најбарани таму. Но, тогаш профитот е помал.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author