filipini sad voena baza

14.09.2023 Скопје

Соединетите држави и Филипините презедоа планирање на работите за надградба и модернизација на поморската база Камило Осиас, која се наоѓа во северната филипинска провинција Кагајан, недалеку од Тајван.

Филипините побараа американска помош за поправка на пристаништето и пистата во базниот комплекс, една од четирите воени локации во земјата до кои американската војска може да пристапи според новите одбранбени договори потпишани од Вашингтон и Манила претходно оваа година.

Офицерите на двете земји предводени од командантот на американската Индо-пацифичка флота Џон Аквилино и шефот на вооружените сили на Филипините, генерал-полковник Ромео Браунер Џуниор, вчера извршија увид на местата на идните инфраструктурни работи.

Соединетите Американски Држави веќе доделија 100 милиони долари за модернизација на воените локации на Филипините, во услови на растечки тензии со Кина во Јужното Кинеско Море.

Подготвено од М.Н.

About Author