12.09.2023 Скопје
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги прошири на целиот свет дисциплинските мерки против 11 бразилски фудбалери вмешани во скандалот со обложување во фудбал, пријавен минатата година како дел од операцијата максимална казна која доведе до откривање на систем на манипулација на натпреварите во корист на обложувачи.
Санкциите кои беа изречени од Врховниот спортски трибунал (Stjd) беа ефективни само на територијата на Бразил.
Поради оваа причина, некои играчи потпишаа договори со странски тимови и се преселија во странство.
На барање на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ), ФИФА го анализираше случајот и ја прошири ефективноста на одлуките на бразилските судии на сите здружени федерации.
Конкретно, на тројца фудбалери, Игор Катау, Матеус Гомеш и Габриел Тота им е доживотна забраната за професионална дејност.
На Паоло Серхио, Пауло Миранда, Фернандо Нето, Едуардо Бауерман, Матеусињо, Андре Кеиксо, Мораеш и Кевин Ломонако, им беа изречени суспензии од минимум 360 дена до максимум 720 дена.
Подготвено од М.Н.