26.09.2023 Скопје
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, изјави дека ЕУ мора да иницира голем бран промени за да се подготви за пристапување на Украина како земја-членка, без да отфрли ништо, вклучително и отстранување на трговските тарифи и пристапот на Киев до внатрешните пазари пред полноправното членство.
Мецола истакна дека очекува земјите-членки „да започнат формални преговори со Украина уште во декември, пред Божиќ“.
Претседателката на ЕП истакна дека одлуката е на министрите на ЕУ, кои ќе се состанат формално во декември, по објавувањето во октомври на извештајот за напредокот на Украина во реформите на судскиот систем, спречувањето на корупцијата и отворањето на пазарите.
„Очекувам конкретен резултат“, додаде Мецола.
Подготвено од А.Ѓ.