13.09.2023 Скопје
Маргрет Вестагер, која е европски комесар за конкуренција веќе девет години, а сега се кандидира за Европската инвестициска банка (ЕИБ), изјави дека банката мора да преземе постратешка улога, во согласност со стратешките промени во Европа, каде во моментов главни корисници на финансирањето од ЕИБ се Шпанија, Италија и Франција.
Вестагер изјави дека оваа обврска се уште не е исполнета во целост, и истакна дека итно треба да се подобри прекуграничната инфраструктурна мрежа во Европа.
„Некои земји, како што е Франција, би сакале да го прошират опсегот на дејствување на банката, финансирајќи нуклеарни или одбранбени проекти. Гледам тука еден проблем. Подготвена сум да финансирам нови сектори, но не можеме да ја претвориме ЕИБ во политичко бојно поле“, истакна Вестагер.
Банката секако има улога на ова поле, но подобро е кога би постоеле некои граници на финансирање, додаде Маргарет Вестагер.
Во врска со можноста за искористување на парите на заедницата за инвестирање во капиталот на најсовремените компании, може да се каже дека Европскиот совет за иновации инвестира околу 10 милијарди евра, има создадено околу десет „компании еднорог“ и околу сто стопански дејности вредни над 100 милиони евра.
За да биде Европа подинамична и понапредна, мора да се воведат итни реформи, заклучи Вестагер.
Подготвено од М.Н.