centralna evropska banka zgolemuvanje na kamatna stapka

28.09.2023 Скопје

Во најновата проценка на изгледите за економијата и инфлацијата во ЕУ, шефицата на Европската централна банка истакна дека инфлацијата во Европа продолжува да опаѓа, но сепак се очекува да остане висока подолго, а Европската централна банка е решена да ја задржи инфлацијата и да се врати на среднорочната цел од два проценти.

Кристин Лагард, шефицата на Европската централна банка, додаде дека со цел да се продолжи по патот за враќање на инфлацијата во целниот опсег, „решивме да ги зголемиме трите клучни каматни стапки на ЕЦБ за 25 базични поени и врз основа на нашата сегашна проценка, веруваме дека каматните стапки достигнаа ниво што значително ќе придонесе за враќање на инфлацијата во целниот опсег“.

Инфлацијата во Европската унија благо падна од 5,5 отсто во јули на 5,3 отсто во август. Ценовните притисоци остануваат силни.

„Одлуките на Европската централна банка (ЕЦБ) во иднина ќе обезбедат клучните каматни стапки на ЕЦБ да бидат поставени на доволно рестриктивно ниво се додека е потребно“, изјави Лагард.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author