https://twitter.com/vonderleyen/status/1582635443073318912/photo/1

13.09.2023 Скопје

ЕУ никогаш не била толку блиску до склучување на договорот за Пактот за миграција и азил, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во својот говор за состојбата на Унијата на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Фон дер Лајен истакна дека Европската унија секој ден ги гледа конфликтите, климатските промени и нестабилноста како ги туркаат луѓето да бараат засолниште на друго место.

Потребна е издржливост и трпелива работа со клучните партнери и потребно е единство во нашата Унија, истакна Фон дер Лајен.

Унијата ги сослуша сите земји-членки и се фокусира на сите патишта, духот на Пактот го преточивме во практични решенија, бевме брзи и обединети во одговорот на хибридниот напад што Белорусија го започна против ЕУ.

Унијата тесно соработува со земјите од Западен Балкан, потпишавме партнерство со Тунис што носи взаемна корист надвор од миграцијата, од енергија до образование, од вештини до безбедност, и сега сакаме да работиме на слични договори со други земји, изјави претседателката на Европската комисија.

Фон дер Лајен додаде дека, со зајакнување на заштитата на границите и големата соработката со земји членки, договорот за пактот за миграција е се поблиску до Европската унија.

Подготвено од М.Н.

About Author