https://www.flickr.com/photos/european_parliament/52050320224/

13.09.2023 Скопје

Европската унија почна да го решава проблемот со одбранбената индустрија што ја мачи со години. Иако со текот на годините земјите членки на ЕУ трошеа се повеќе за одбрана, заедничките инвестиции во европските одбранбени капацитети постојано се намалува, со што владите на ЕУ главно сами склучувале договори, што доведува до конкуренција меѓу националните индустрии, што ја има ослабнато севкупната одбранбена способност на Европа.

Војната во Украина ја разоткри жалната состојба на европските одбранбени способности. Во принцип, земјите-членки уште во 2017 година се договорија дека ќе соработуваат во затворањето на т.н. празнини во способностите, кои се јавуваат кога постоечката опрема повеќе не ги исполнува техничките барања. Сепак, спроведувањето се покажа потешко отколку што се очекуваше, бидејќи набавките досега беа национално прашање и немаше координација меѓу земјите-членки.

Затоа ЕУ одлучи да понуди инструмент за зајакнување на европската одбранбена индустрија преку заеднички набавки.

Идејата е најмалку три земји-членки на ЕУ да се здружат и да купат оружје, муниција и друга воена опрема од компанија чие седиште и надзор е во рамките на ЕУ. Државите кои ќе се согласат на ова ќе добијат делумно враќање на трошоците. Земјите кои се дел од Европската економска област – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка – можат да учествуваат во заедничките набавки.

Членовите на Европскиот парламент го усвоија Законот за зајакнување на европската одбранбена индустрија преку заеднички набавки (EDIRPA).

Известувачот на Комитетот за буџети за ЕДИРПА, Карло Реслер, вели дека заедничките набавки треба да резултираат со „пониски цени, пократко време на испорака и подобра соработка меѓу европските вооружени сили кои користат иста опрема“.

„Придобивките треба да бидат опипливи и за малите и средни претпријатија кои играат витална улога во синџирот на снабдување. Ќе се охрабруваат заедничките набавки од страна на земјите-членки, што треба да придонесе за покривање на административните трошоци поврзани со набавките, кои не се вистински одбранбен производ Сето ова треба да поттикне подлабока соработка на европската одбранбена индустрија и да го намали дуплирањето на трошоците“, вели Реслер.

Меѓутоа, откако беа финансиски осакатени, прашање е колку тој инструмент ќе биде доволен поттик за државите да одлучат за заеднички набавки.

Според предлогот на Комисијата, ЕДИРПА треба да располага со буџет од 500 милиони евра, со кои ЕУ би учествувала во заеднички договори за набавки во износ до 20 отсто. Но, по бројни дискусии, на крајот фондот е намален на 300 милиони евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author