Image by freepic.diller on Freepik

20.09.2023 Скопје

Брисел потврди дека плаќањата на Светската програма за храна за испорака на хуманитарна помош во Сомалија се привремено замрзнати.

Портпаролот на Европската комисија, Балас Ујвари, рече дека ова е превентивна мерка за заштита на фондовите на ЕУ.

Истрагата спроведена од ОН забележала кражби од големи размери кога станува збор за помош за народот на Сомалија, во кои биле вмешани локални претставници, припадници на безбедносните сили и хуманитарни работници.

Минатата година ЕУ потроши повеќе од седум милиони долари за операциите на Светската програма за храна во Сомалија.

Американската агенција за меѓународен развој соопшти дека нема тековни планови да престане да испраќа помош во храна за Сомалија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author