essi clekni estonija letonija

12.09.2023 Скопје

Естонија и Летонија се приклучија на Европската иницијатива за воздушен штит (ЕSSI), која е предводена од Германија, а учество имаат Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Литванија, Норвешка, Обединетото Кралство, Чешка, Романија, Словачка, Словенија, Шведска, Швајцарија и Унгарија.

Релевантната декларација за намери вчера ја склучија министрите за одбрана на двете балтички држави, Естонецот Хано Певкур и Летонката Инара Мурниеце, во седиштето на германската одбранбена група Диел во Ротенбах во Баварија.

На церемонијата учествуваше и германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Претставниците на владите на Талин и Рига најавија дека нивните држави ќе купат системи за воздушна одбрана Иris-Т. Ова оружје треба да биде подготвено за употреба од страна на вооружените сили на Естонија и Летонија во 2025 година.

Певкур додаде дека купувањето на Iris-T е очигледно најголемата инвестиција во воздушната одбрана во историјата на неговата земја. Обемот на нарачката за Diehl се очекува да биде околу една милијарда евра.

Исто така, се очекува првите единици на новите членки да стапат во служба во германските вооружени сили (Бундесвер) кон средината на следната година.

Германија веќе и обезбеди на Украина два системи Иris-Т, посветени на одбивање на руската инвазија, а ќе и обезбеди уште шест во иднина.

Целта на ESSI е заеднички да се здобијат и да управуваат со вооружени системи кои можат да се користат за борба против беспилотни летала, крстаречки и интерконтинентални балистички ракети, како и авиони на различни височини.

Подготвено од М.Н.

About Author