https://www.facebook.com/photo/?fbid=696785008483222&set=pb.100044551864456.-2207520000.

04.09.2023 Скопје

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Сочи ќе се сретне со својот руски колега во обид да го врати договорот за извоз на украинска пченица навреме за есенската жетва.

Турскиот претседател се надева дека ќе го искористи неформалниот самит во Сочи, на Црното Море, како основа за мировните преговори за кои разговараат некои западни функционери, но и двете страни сакаат да се одржат само под свои услови.

Русија во јули се повлече од договорот со кој се дозволува поморски транспорт на украинско жито, суштинско за снабдувањето со храна во светот, истакнувајќи го фактот дека испраќањето на украинските земјоделски производи и ѓубрива на меѓународниот пазар е попречено од западните санкции.

Веднаш по повлекувањето од договорот Русија се закани дека ќе ги нападне бродовите што ги напуштаат украинските пристаништа во Црното Море.

Подготвено од М.Н.

About Author