https://www.facebook.com/photo?fbid=859630955531959&set=pcb.859631172198604

20.09.2023 Скопје

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН рече дека неговата земја ќе ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина.

„Се обидовме да ги задржиме и руските и украинските пријатели на маса со тезата дека војната нема да има победници и дека мирот нема да има губитници“, рече Ердоган во својот говор.

Тој нагласи дека Турција ќе ги засили напорите за ставање крај на војната преку дипломатија и дијалог „врз основа на независноста и територијалниот интегритет на Украина“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author