15.09.2023 Скопје
Руската енергетска групација „Газпром“ за првпат ја искористи арктичката рута, комерцијална поморска рута што се протега по рускиот арктички брег од Караското Море до Беринговиот Теснец, за да испорача течен природен гас (ЛНГ) до Кина, соопшти прес-службата на Гаспром.
Газпром за прв пат испорача течен природен гас од сопствено производство долж арктичката рута.
„Нафтениот танкер Велики Новгород со товар ЛНГ, ја заврши испораката денеска на терминалот Тангшан во Кина“, наведено е во соопштението на компанијата.
Подготвено од М.Н.