https://www.flickr.com/photos/european_parliament/5372036953

16.09.2023 Скопје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека влошувањето на економската ситуација ќе биде одлучувачкиот фактор што ќе ги принуди владите на земјите од ЕУ да се приклучат на мировната иницијатива.

Орбан додаде и дека ЕУ во основа е мировен проект, но дека провоената страна во моментов е во огромно мнозинство.

Орбан истакна дека од избувнувањето на војната во Украина, Унгарија му има дадено на Киев околу 470 милиони долари европски пари, но дека не е направен чекор поблиску до мирот.

Според Орбан, кога станува збор за војна, одлучувачките алатки се во рацете на Американците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author