09.09.2023 Скопје
Ретка е случајноста во еден ден македонски национални репрезентации во различни спортови да играат против актуелни европски и светски шампиони.
Денес од 18.00 часот македонската одбојкарска сениорска репрезентација во Бари ќе го игра осминафиналето против домаќинот Италија на Европското првенство.
Подоцна, од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје најдобрата македонска фудбалска репрeзентација ќе го пречека актуелниот европски шампион Италија.
Ова ќе биде уште еден ден во кој ќе уживаат љубителите на спортот, а на крајот се надеваме и посакуваме истиот да биде крунисан со нови историски победи.
Подготвено од М.Н.