14.09.2023 Скопје
Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), ќе се состанува денес, и веројатноста е голема да се донесе одлука и да се спроведе дополнително зголемување на стапката од 25 базични поени со цел да се бори против инфлацијата во еврозоната.
Во тој случај, депозитната стапка би се зголемила на 4 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од завршувањето на Економската и монетарната унија во 1999 година.
Стапките на операциите за главно и маргинално рефинансирање, соодветно би се искачиле на 4,5 и 4,75 отсто.
Подготвено од М.Н.