lisici na race

11.09.2023 Скопје

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во соработка со внатрешната контрола на Министерството за финансии на Србија, полицијата уапси десетина даночни инспектори за злоупотреби поврзани со поврат на ДДВ и перење пари, со што е оштетен српскиот буџет во сума од неколку милиони и овозможило неосновано богатење на сопствениците на приватни фирми.

Апсењата од утрово се водат во даночната управа Земун и Вождовац, а осомничените биле врзани со лисици на работното место.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author