dres crvena zvezda

25.09.2023 Скопје

Пет дена пред да ја отворат новата кошаркарска сезона со пресметка во Лакташи против Игокеа, Црвена звезда го претстави дресот во кој нејзините кошаркари ќе ги водат битките во Србија, регионот и Европа. Спонзор на црвено-белиот тим останува Адидас, со кој е потпишан нов, повеќегодишен договор.

Новата кошаркарска униформа на кошаркарите на Звезда, логично, ќе биде украсена со црвено-бели риги, со доминантна бела боја, додека црвената ќе доминира кога избраниците на Душко Ивановиќ ќе играат на гостински терен. Клубот се одлучи за ретро дизајн за да го одбележи големиот јубилеј и 50 години од првиот европски трофеј освоен од српски клуб.

Честа и беше доделена на генерацијата која на 2 април 1974 година Зоран Мока Славниќ, Љубодраг Симоновиќ, Дагран Капичиќ и Драгиша Вучиќиниќ ја предводеа до трофејот во Купот на победниците на куповите. Дел од тој тим беа Горан Ракочевиќ, Зоран Лазаревиќ, Иван Сарјановиќ, Божидар Пешиќ, Радивоје Живковиќ, Драгоје Јовашевиќ, Зоран Латифиќ, Љупче Жугиќ, а тренер беше легендарниот професор Александар Николиќ.

Фонтот на дресовите ќе биде идентичен како пред пет децении, а златно обоените бројки на градите го симболизираат успехот што црвено-белиот тим го постигна пред половина век. Интересно, и на дресот оваа сезона ќе биде пресликано едно презиме од златната генерација, исто така со број 11. Некогаш го носеше Дучи Симоновиќ, а во тековната натпреварувачка година во него ќе игра центарот Марко Симоновиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author