credit suisse 123

30.09.2023 Скопје

Швајцарската банка Credit Suisse објави дека очекува да забележи загуба од околу 1,5 милијарди евра во третиот квартал.

Во соопштението се додава дека главна причина за оваа загуба е прекласификацијата на некои ставки во финансиските извештаи, поточно заемот.

Дополнително, донесена е одлука за раскинување на одредени менаџерски аранжмани, што може да резултира со дополнителна загуба до 566 милиони евра во третиот квартал, се наведува во соопштението.

Најголемата швајцарска банка UBS ја купи втората по големина швајцарска банка Credit Suisse во март за 3,02 милијарди евра, откако Credit Suisse се соочи со големи финансиски тешкотии.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author