14.09.2023 Скопје
Централната разузнавачка агенција (ЦИА) наводно им понудила пари на официјални лица и аналитичари за да го прикријат исходот од истрагата за потеклото на пандемијата „Ковид-19“, која открила бегство на вирус од лабораторија во Вухан, Кина.
Според откритијата, споделени од двајцата републикански пратеници, кои ги опишуваат како „очигледно веродостојни“, повеќето аналитичари на ЦИА заклучиле во текот на нивните истраги дека пандемијата „Ковид-19“ потекнува од озлогласената биоинженерска лабораторија во Вухан, но шест од седум експерти го смениле службениот став откако добиле конкретна „економска стимулација“ од агенцијата.
Седмиот член на истражниот тим беше единствениот што уште од почетокот веруваше дека пандемијата потекнува од спонтан „скок на видови“, како што општо се веруваше на почетокот на вонредната состојба на пандемијата.
Двајцата пратеници веќе поднесоа барање за пристап до сите документи на истражувачкиот тим на ЦИА за Ковид.
Американските медиуми соопштија дека, американските федерални разузнавачки и истражни агенции со месеци имаат спротивставени мислења во врска со потеклото на пандемијата, откако администрацијата на претседателот Џо Бајден доби задача да ги разјасни причините за глобалната здравствена криза.
Федералното биро за истрага (ФБИ), јавно тврдеше дека индициите укажуваат на бегство на вирус од лабораторија, додека пак ЦИА, наместо тоа, продолжија да ја поддржуваат хипотезата за пандемија која потекнува од природата.
Подготвено од М.Н.