stanoviii

06.09.2023 Скопје

Податоците на Заводот за статистика Монстат покажуваат дека за две години во Црна Гора цените на становите скокнаа за повеќе од 40 отсто, а во Подгорица продолжуваат да растат, достигнувајќи рекордни вредности во третиот квартал од оваа година.

Сегашната просечна цена на еднособен стан во Подгорица е 1.720 евра за метар квадратен, додека во истиот период лани била 1.360 евра, а во 2021 година 1.200 евра.

Тоа претставува раст од повеќе од 40 проценти во период од само две години.

Во Подгорица, на подрачјето на Градската населба и неговата околина, просечната цена на еднособните станови е 2.150 евра за метар квадратен, додека во центарот треба да потрошите 1.950 евра, а во делот Преко Морача, 1.900 евра.

Во регионот на Тушки пута просекот е 1.800 евра, додека на Стариот аеродром е 1.600 евра, а во Забјело е 1.550 евра.

Податоците на Монстат покажуваат дека просечната цена на метар квадратен на новоизграден стан во Црна Гора во вториот квартал од годинава изнесувала 1.500 евра, девет отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Во набљудуваниот период просечната цена на стан во нова зграда во Подгорица скокнала за 13,5 отсто на 1.581 евро.

Просечната цена на метар квадратен на новоизграден стан во крајбрежниот регион на крајот на јуни била 1.413 евра, во централниот 714, а во северниот 1.280 евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author