stanoviii

22.09.2023 Скопје

Германската федерална статистичка служба објави дека цените на станбените недвижности во Германија паднаа за 9,9 отсто во вториот квартал во однос на истиот квартал минатата година.

Како што е наведено на веб-страницата на оваа организација со седиште во Визбаден, ова е најостриот пад на цените на станбените недвижности од 2000 година наваму.

Пад на цените е забележан и во градовите и во руралните средини, а најмалку цените паднаа во ретко населените места.

Во главните седум германски метрополи – Берлин, Хамбург, Минхен, Келн, Франкфурт, Штутгарт и Дизелдорф – цените на становите во вториот квартал паднаа за 9,8 отсто на годишно ниво, а цените на семејните куќи за 12,6 отсто.

На квартално ниво, цените на станбените недвижности во вториот квартал паднаа за 1,5 отсто во однос на првиот квартал од 2023 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author