irak-turcija ne postignaa dogovor za nafta

14.09.2023 Скопје

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст и суровата нафта „брент“ првпат од почетокот на годинава достигна цена од 93 долари за барел.

Меѓународната агенција за енергија (МААЕ) објави дека доброволното продолжување на дневното ограничување за производство на нафта на Саудиска Арабија и Русија ќе резултира со дефицит на пазарот во четвртиот квартал од оваа година.

Цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море се зголеми за 1,20 долари или 1,3 отсто и сега изнесува 93,08 долари за барел, што е највисока од ноември минатата година.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 1,14 долари или 1,3 отсто, на 89,66 долари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author