https://en.wikipedia.org/wiki/File:Lithium_paraffin.jpg

21.09.2023 Скопје

Според податоците на кинеските берзи, цената на литиумот падна на најниско ниво од април.

Вредноста на литиум карбонатот падна под 180.000 кинески јуани или под 23.048,46 евра за тон.

Цената на литиум карбонат падна за 17,93 отсто на месечно ниво, а за 64,41 отсто на годишно ниво.

Главна причина за падот на цената на литиумот е послабата побарувачка на електрични возила.

Производителите на батерии за нови електрични возила (NEV) ја намалија својата активност од почетокот на третиот квартал, во голема мера поради нивото на залихи и веќе ги потрошија средствата од претходните субвенции на кинеската влада.

Тешкотиите во кинеската економија, исто така, влијаеа на подготвеноста на потрошувачите да купуваат електрични возила (ЕВ).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author